Во претходните денови многу се пишуваше за можниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.
Веќе некое време актуелни се шпекулациите дека Пјаниќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Не е тајна дека двата клуба преговараа, но не се блиску до договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата клуба преговараа за трампа според која Артур Мело би се преселил во Торино, но преговорите пропаднаа откако Бразилецот ја одби „старата дама“.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона има „план Б“ и сега ќе им го понуди Осман Дембеле во замена за потписот на Пјаниќ.
Сепак, Јувентус тешко дека ќе ја прифати оваа опција бидејќи не е заинтересиран за Дембеле. „Бјанконерите“ се спремни да прифатат да го добијат Ансу Фати плус пари за Пјаниќ.