Дома Трансфер зона Барса има нов план: Нуди пари и еден играч за Кутињо

Барса има нов план: Нуди пари и еден играч за Кутињо

Трансфер сагата околу Филипе Кутињо и Барселона по се изгледа ќе добие ново продолжение во зимскиот преоден рок.

После трансферот на Нејмар во ПСЖ, Каталонците направија се за да го донесат Кутињо на „Камп Ноу“, но Ливерпул беше одлучен во намерата да го задржи Бразилецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, само неколку месеци подоцна се чини дека трансферот на Кутоњо во Барселона е многу блиску до реализација. Каталонците веќе спремија неколку понуди, а последниот план е покрај одредена сума да му понудат на Ливерпул и еден фудбалер.

Каталонските медиуми тврдат дека Барса за Кутињо го нуди Андре Гомеш и 50 милиони евра, плус 20 милиони како бонуси.

Познато е дека Ливерпул е заинтересиран за Португалецот, па останува да видиме како ќе реагира на ваквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…