Дома Трансфер зона Барса е на потег: Фиорентина ја одредила цената за Амрабат

Барса е на потег: Фиорентина ја одредила цената за Амрабат

Според последните информации, Фиорентина е подготвена да го продаде Мароканецот, Софијан Амрабат на Барселона и ја одредила цената.

Фиорентина има намера од заминувањето на Амрабат да инкасира најмалку 20 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Договорот на Амрабат со „виолетовите“ истекува летото 2024 година и во него има опција за продолжување на уште една година, сепак засега постои можност за трансфер.

Наводно раководството на Фиорентина му ветило на Амрабат дека може да си замине ако до крајот на сезоната стигне понуда од 20 милиони евра.

Сезонава Амрабат одигра 45 натпревари за Фиорентина и запиша само една асистенција, но беше одличен во дресот на Мароко на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…