Дома Фудбал Барса е во минус милијарда и 200.000 евра: Од каде ќе најде Лапорта пари за најавените засилувања?

Барса е во минус милијарда и 200.000 евра: Од каде ќе најде Лапорта пари за најавените засилувања?

Жоан Лапорта во неделата убедливо победи на изборите за претседател во Барселона освојувајќи повеќе од 50% од гласовите.

Лапорта клубот го водеше од 2003 до 2010 година, а по враќањето на претседателската функција најави подобри денови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од неговите главни задачи ќе биде да го задржи Лионел Меси на кого му истекува договорот со клубот и кој минатото лето беше на излезни врати од Барселона.

Новиот предводник на клубот сака да обезбеди засилувања. Медиумите објавија дека стапил во контакт со Пини Захави, менаџерот на Давид Алаба и Мино Раиола кој се грижи за кариерата на Ерлинг Халанд.

Овие двајца играчи се желби и на Реал Мадрид па се очекува Реал и Барселона да водат вистинска војна во летниот преоден рок.

Она што не е познато е од каде Лапорта има намера да набави за пари за тие играчи. Како што пишуваат медиуми, Барселона е милијарда и 200.000 евра во минус, а до крајот на јуни мора од разни финансиски институции да исплати 266 милиони евра.

Барселона е во сериозен проблем и со финансискиот фер-плеј па Шпанците претпоставуваат дека клубот ќе мора прво да продаде неколку играчи за да купува нови. На трансфер листата би можеле да се најдат Гризман, Кутињо и Дембеле, фудбалери на кои клубот потроши 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…