По трет пат на раководните луѓе на Барселона им беше соопштено дека нема да успеат во обидот да го донесат „бисерот“ на Ајакс, Френки де Јонг.
21-годишниот играч за врска е трансферна цел на Каталонците, но холандскиот гигант не сака да се раздели со фудбалерот по никоја цена. Истото важи и за талентираниот дефанзивец Матијас де Лихт за кого силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Двајцата фудбалери не се на продажба и веќе му го соопштивме тоа на заинтересираните клубови. Им кажав дека може да разговараме следната година, ова лето не“, изјави спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.
Шпанските медиуми пренесуваат дека поради тоа Каталонците се насочиле кон Адриен Рабио од ПСЖ, кој е блиску до трансфер на „Камп Ноу“.