Дома Трансфер зона Барса би можела да ја повтори „операцијата Пике“

Барса би можела да ја повтори „операцијата Пике“

Успешното враќање на Жерард Пике на „Камп Ноу“ во 2008 година може да се повтори и на лето 2021 година, пишува каталонски „Спорт“.

Станува збор за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Барселона го сака Гарсија веднаш на „Камп Ноу“ и поради тоа е спремна да му понуди на Сити трампа во која ќе биде вклучен Нелсон Семедо.

Пике се врати во матичниот клуб на 21 година, а Гарсија може тоа да го направи на 20 години. Преговорите со неговиот агент се започнати, па се чека одговор од „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…