Фудбалерот на Јувентус, Жоа Кансело имаше само пофални зборови за својот сонародник и соиграч, Кристиано Роналдо.
Кансело во разговор за „Скај Италија“ порача дека Роналдо би морал да ја освои „Златната топка“ и дека се освен тоа би било голема неправда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако Роналдо не ја освои Златната топка тоа ќе биде голема неправда. Тој е најдобриот играч во светот, а минатата сезона беше надмоќен“, започна Кансело кој смета дека Светското првенство не би требало да биде мерило.
„Ако тоа е мерило тогаш само одредена група на играчи можат да ја добијат таа награда. Ако сте родени во Франција, Германија или Бразил, веројатно кога-тогаш ќе го освоите Светското првенство и ете ви шанса за наградата. Поголем успех е кога Португалија го освои Европското првенство. Тоа е реткост“.
„Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и беше апсолутен победник со 15 постигнати голови. Во која екипа и да игра таа станува за класа подобра. Доказ за тоа е што Барселона без Меси славеше со 5:1, а Реал без Роналдо изгуби со тој резултат. Тоа е разликата“.
„Милиони луѓе гледаат што прави секоја недела на натпреварите, но ние имаме привилегија да го гледаме секој ден на тренинзите…Тоа е чудо, спектакл. Роналдо е роден да победува“, заклучи Кансело.