Дома Трансфер зона Барса, Арсенал, Баерн, Јунајтед, Сити…Кој ќе стигне до потписот на 18 годишниот дефанзивец?

Барса, Арсенал, Баерн, Јунајтед, Сити…Кој ќе стигне до потписот на 18 годишниот дефанзивец?

Како што се наближува крајот на сезоната и отварањето на летниот преоден рок бројот на клубови кои покажуваат интерес за 18 годишниот дефанзивец на Ајакс е се поголем.

„Мундо Депортиво“ во своето денешно издание пишува за големиот интерес на неколку големи клубови за Матијас Де Лихт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Талентираниот дефанзивец е на листата желби на Барселона, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен….

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ испрати свои скаути да го следат младиот Холанѓанец на дело и изгледа дека шампионот на Германија е спремен да реагира.

Де Лихт поради одличната техника која ја поседува во Минхен во него гледаат идеален наследник на Матс Хумелс кој наскоро влегува во својата четврта деценија од животот.

Сепак, Баерн ќе мора да ја победи исклучително силната конкуренција.

Каде Лихт ќе ја продолжи кариерата во овој момент не може да се каже, но едно е сигурно – Ајакс ќе има прилика добро да заработи.

Треба да се истакне и дека Матијас Де Лихт минатата година дебитираше за репрезентацијата на Холандиај и стана вториот најмлад дебитант во историјата на оваа репрезентација, помалд од него беше само Маук Вебер во далечната 1931 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…