Дома Фудбал Италија Барела кон медиумите: Вие сте кловнови!

Барела кон медиумите: Вие сте кловнови!

Италија ја тресе обложувачки скандал во кој учествуваа неколку професионални фудбалери, а тројца веќе ја признаа вината.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покрај Фаџоли, Заниоло и Тонали медиумите шпекулираат со уште некои имиња, а меѓу нив се појави и името на Николо Барела.

Фудбалерот на Интер категорично демантираше дека се обложувал и најави „војна“ со медиумите кои го објавиле неговото име.

„Би очекувал малку поголема сериозност од весникот „Вистина”. Единствената вистина е дека вие сте кловнови! Предолго молчев и покрај се што се пишува за мене овие денови. Никогаш не сум сакал коцкање или обложување. Единствените работи за кои сега се грижам се моите ќерки и семејството, кои морам да ги заштитам од ова срање. Затоа денеска ќе преземам правна постапка“, објави Барела на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург потпиша за Вардар

Вардар попладнево и официјално го промовираше новото засилување за нападот, Жерсон Родриге…