Македонскиот репрезентативец Енис Барди смета дека последните два квалификациски дуели за ЕП се многу важни и затоа треба да се влезе максимално за да дојдеме до позитивен резултат.
Македонија моментално е на третата позиција на табелата и има шанси да го запише најдобриот пласман во едни квалифиакции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сеуште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство, изјави Барди.
„Мислам дека поразот
во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека
сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против
Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу
добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација,
зашто тие победија со 4:1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту
една репрезентација“, додаде македонскиот репрезентативец.