Енис Барди вчера имаше спектакуларна ноќ во натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Леванте.
Леванте го победи Билбао со 1:3, а Барди беше стрелец на два погодоци и тоа двата беа од слободен удар во период од две минути 42 и 44.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според статистиката Барди е најдобриот изведувач на слободни удари во Примера за оваа сезона – постигна четири гола од 15 обиди. Меси постигна повеќе голови од Барди (шест), но имаше дури 46 обиди.
Јасно е по натпреварот Барди не го криеше задоволството.
„Тренерот ми даде совет дека морам да мислам само на работата и неговите зборови навистина имаат големо значење за мене, ми помогна и тоа многу. Секако дека ова беше најубавата вечер од кога сум во овој клуб. Победивме и освоивме три бода, но немаме премногу време за славје. Во петок играме против Севиља, победа во овој натпревар ќе значи и обезбеден опстанок“, зборуваше Барди.
Потоа тој ги објасни двата погодоци.
„При првиот гол бев во потешка позиција, бев на страна и преблиску. Сепак голманот не очекуваше удар и го изненадив, додека за вториот гол бев во многу подобра позиција. Сепак како што кажав, освоивме три бода и тоа е најважно“, изјави Барди.
Во продолжение погледнете ги двата погодоци на Македонецот.