Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски (ПК Македон) и Игор Јовановски (ПСД Макпетрол) придружувани од Мики Тодоровски успешно реализираа еден невообичаен спортски подвиг – последователно брзинско искачување на трите највисоки планини на Балканот во календарска зима.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Почнувајќи од врвот Митикас 2918 мнв (Олимп, Грција) на полноќ ноќта помеѓу 25/26 декември, продолжувајќи со Вихрен 2915 мнв (Пирин, Бугарија) и завршувајќи со Мусала 2915 мнв (Рила, Бугарија) тие го комплетираа овој подвиг за вкупно време од 30 часа и 55 минути вклучувајќи го и превозот помеѓу планините во должина од 600 км.
Само за искачување на планините им беа потребни 21 час минувајќи 60 км и над 5000 висински метри во сурови зимски планински услови. Вообичаеното потребно време кај планинарите за зимско искачување на овие врвови е по два дена за секој поединечно.
Претходно оваа година Александар постави македонски брзински рекорди на највисоките планини во Европа, искачувајќи го Елбрус 5642 мнв (Кавказ, Русија) за 5 часа и 35 минути и Мон Блан 4810 мнв (Алпи, Франција) за 6 часа 26 минути до врвот и назад, додека Игор има значајни резултати на повеќе трки над 100 километри и е еден од организаторите на најголемата трка во планинско трчање кај нас „Крали Марко Треил“.