Дома Фудбал Англија Баксуз: Каде одеше овој навивач на Сити кога Компани го постигна спектакуларниот гол? (ВИДЕО)

Баксуз: Каде одеше овој навивач на Сити кога Компани го постигна спектакуларниот гол? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера на „Етихад“ го победија Лестер со минимални 1:0 во рамките од 37-то коло во Премиер лигата.

„Граѓаните“ освоија многу важни три бода и се вратија на првото место и во последното коло влегуваат како второпласирани пред Ливерпул. Сити многу се мачеше со Лестер, а тогаш на сцена стапи Винстент Компани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Сити кон средината на второто полувреме постигна спектакуларен гол и ја собра „пајажината“ од голот на Шмајхел, овој негов гол би можел да биде клучен во борбата за титулата.

На социјалните мрежи се појави и едно интересно видео од моментот кога Компани го постигна спектакуларниот гол.

Еден навивач на Манчестер Сити го напушти стадионот токму кога Компани го испрати ударот и не го виде веројатно најважниот момент за неговиот тим оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енрике по поразот: Знаевме дека ќе биде тешко…

ПСЖ вчера беше поразен од Борусија Дортмунд и сега ќе се надева во реваншот на свој терен …