Дома Останати Кошарка НБА Бакси драматично останаа во живот, Лејкерси изедначија ?

Бакси драматично останаа во живот, Лејкерси изедначија ?

Милвоки Бакс и понатаму се во игра за пласман во финалето на Истокот откако после голема драма го победија Мајами Хит со 118:115 и намалија на 3:1.

Во текот на регуларниот дел тимовите го менуваа водството, а победникот се одлучи после продолжение кое Бакси го добија со 11:8.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата со најдобар скор во текот на регуларниот дел до победата беше предводена од Крис Миделтон со 36 поени, а додаде шест скокови и асистенции. Проблем претставува и повредата на Јанис Антетокумпо кој го повреди зглобот во втората четвртина, до тогаш имаше учинок од 19 поени.

Кај Хит се издбои Бем Адебајо со 26 поени, 12 скокови и 8 асистенции, добар беше и Данкан Робинсон со 26 поени.

Ла Лејкерси изедначија во полуфиналето на Западот откако го победија Хјустон со резултат 117:109 и сега резултатот во серијата е 1:1.

Лејкерси првиот период го добија со 16 разлика (36:20), екипата од Тексас во продолжение постепено се враќаше и во третиот период успеа да поведе со 86:89, но Леброн и друштвото беа подобри кога резултатот се кршеше.

На крајот натпреварот Џејмс го заврши со 28 поени и 11 скокови, а за трипл-дабл му недостасуваше една асистенција. Одличен беше и Ентони Дејвис. Кај Рокетси сосема очекувано со 27 поени најефикасен беше Харден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …