Дома Македонски спорт Мак баскет Бакоч, Кошанин и Миса нови играчи на КК Навико Акадмеија ФМП

Бакоч, Кошанин и Миса нови играчи на КК Навико Акадмеија ФМП

Во наредната сезона КК Навико Академија ФМП ќе биде предводена од тренерот Александар Петровиќ кој го продолжи својот договор со екипата.

Најдобриот стрелец во лигата Стефан Крстајиќ и оваа година ќе биде дел од екипата во која договорите ги продолжија и Лука Стојановски, Славчо Темелковски, Оливер Двојаковски, Никола Анастасовски, Никола Груевски, Филип Ѓоргиев. Покрај овие играчи ростерот ќе биде дополнет со нови тројца кошаркари.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Повремениот македонски репрезентативец Филип Бакоч е нов играч во ростерот на КК Навико Академија ФМП. Бакоч кој во својата кариера настапуваше за екипите на КК Карпош Соколи, КК Охрид, КК Еуро Никел и КК МЗТ Скопје Аеродром, во наредната сезона ќе настапува за нашата екипа.

Српскиот плејмејкер Недељко Кошанин во екипата на КК Навико Академија ФМП доаѓа од екипата на Беовук каде во просек постигнуваше 16.5 поени, 5.6 асистенции и 5 скокови по натпревар.

Дамјан Миса кој доаѓа од редовите на КК Црн Дрим Грин Мобиле каде што во просек постигнуваше по 4 поени, 1.6 асистенции и 1.6 скокови во натпревар во својата кариера настапуваше и за екипите на КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Куманово, е новото засилување во нашата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…