Колумбискиот репрезентативец Карлос Бака одигра солидна сезона во дресот на Виљареал, каде настапуваше како позајмен фудбалер од Милан.
Двата клуба имаат договор и „жолтата подморница“ ќе може да го откупи Бака на крајот на сезоната за 18 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, шпанскиот клуб почна преговори со Милан бидејќи сака попуст и нуди 12 милиони евра за потписот на Колумбиецот. Двата клуба се очекува да најдат заеднички јазик, а самиот фудбалер јасно потврди дека сака да остане во жолтиот дрес.
„Јас сум смирен, не мислан на следната сезона тука на последниот натпревар и на Светското првенство. Знам дека Виљареал започна преговори со Милан и со мојот агент за што побрзо да се реши тоа прашање. Јас сум среќен тука и сакам да останам во Виљареал“, изјави Бака.