Карлос Бака оваа сезона настапува за Виљареал како позајмен фудбалер на Милан, а „жолтата подморница“ има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Колумбиецот игра фантастично оваа сезона во Примера, па и самиот јавно призна дека не сака да се враќа назад во Милано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Овде во Шпанија сум многу среќен и ми одговара начинот на игра. Не сакам да се вратам во Милан, се надевам дека двата клуба ќе постигнат договор и дека ќе останам во Виљареал“, изјави Бака.
Бака има договор до Милан до 2020 година, а Виљареал има опција да го целосно да го откупи за 15 милиони евра.