Колумбија синоќа беше елиминирана во осминафиналето на Мундијалот од Англија после изведување на пенали, а трагичари беа Матеус Урибе и Карлос Бака.
Бака и Урибе не успеаа да ги реализираат ударите од белата точка, па сега се цел на закани. Двајцата фудбалери добиваат смртни закани на социјалните мрежи бидејќи се етикетирани како најголеми виновници и нив им се порачува да не се враќаат во Колумбија, бидејќи директно им се загрозени животите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од навивачите застанаа во нивната одбрана, предупредувајќи дека не смее да са повтори случајот на Андрес Ескобар, колумбиски репрезентативец кој беше убиен во 1994 година во својата земја, само десет дена откако постигна автогол во натпревар на СП против САД.