Дома Трансфер зона Бакајоко во Серија А, но не во Милан

Бакајоко во Серија А, но не во Милан

Наполи може да го „украде“ Бакајоко пред носот на Милан, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакајоко веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Милан нуди 25 милиони евра, но Челзи не попушта и за слободата на Французинот бара 30 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи Наполи и да го донесе Бакајоко на „Сан Паоло“ до крајот на преодниот рок.

Гатузо веќе разговарал со Французинот и го убедил да се пресели во Наполи, па останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…