Баерн Минхен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Милан, Пјер Калулу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Баварците се во потрага по десен бек кој ќе може да биде замена за Павард, кој побара да го напушти клубот.
Павард има договор со Интер, но Баерн ќе го пушти само доколку успее да најде замена до крајот на преодниот рок.
Калулу е млад дефанзивец кој изминатите две сезони одигра одлично во Милан и може да игра како десен бек и како стопер.
Баерн е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис, но Милан во моментов не сака да се раздели со Французинот.