Раководството на Баерн Минхен ја одбило и третата понуда на Барселона за Роберт Левандовски, пренесува „Билд“.
Најновата понуда на Каталонците за голгетерот изнесувала 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, меѓутоа тоа не ги задоволи апетитите на Баварците. Од „Алијанц Арена“ се спремни да го пуштат Левандовски, но не запомалку оф 50 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информациите се дека ова било последна понуда и засега Барселона нема намера да испраќа нова понуда за 33-годишниот голгетер.
Во меѓувреме медиумите тврдат дека Левандовски е спремен да ги бојкотира подготовките и така да изврши дополнителен притисок врз Баерн.
Како што е познато тој веќе има договор со Барселона и инсистира да се пресели на „Камп Ноу“ иако има уште една година од договорот со Баерн.
Bayern have rejected Barcelona's third offer for Robert Lewandowski (€40m guaranteed plus €5m add-ons). The club would only start considering a sale from €50m [@BILD]
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 30, 2022