Дома Топ вести Баерн се откажува од Кејн, тргнува по Влаховиќ

Баерн се откажува од Кејн, тргнува по Влаховиќ

Баерн Минхен започна преговори со Јувентус за потписот на Душан Влаховиќ, открива „Екип“.

Примарна цел на Баварците ова лето е да доведат врвен напаѓач, а главна цел беше Хари Кејн. Агличанецот има договор со Баерн, но клубот никако не може да најде заеднички јазик со Тотенхем.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тотенхем ја одби и последната понуда на Баерн од 80 милиони евра, па Баварците сега се насочуваат кон Влаховиќ, кој е на излезна врата од Јувентус.

Србинот е спремен да ја промени средината и веќе му кажал ДА на Баерн, а Јувентус за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Баварците нема да имаат проблем да ја платат таа сума, особено поради фактот што е млад и ќе може да го предводи нападот во следните десетина години.                                                             

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…