Дома Трансфер зона Баерн пронашол засилување во Јувентус, преговорите веќе започнале?

Баерн пронашол засилување во Јувентус, преговорите веќе започнале?

Баерн Минхен поминува низ тежок период и како што стојат работите по 11 сезони доминација ќе ја изгуби титулата во Бундеслигата, а неодамна испаднаа и од Купот на Германија, додека во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите беа поразени од Лацио со 1:0.

На тренерот Томас Тухел сериозно му се „тресе столчето“, но и покрај тоа спортскиот директор на Баерн размислува и на засилувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот инсајдер, Николо Шира тврди дека Баерн на големо работи на доведување на францускиот играч за врска Адриен Рабио. Договорот на Рабио истекува на лето и Баерн ќе се обиде да го убеди да пристигне во нивните редови.

Шира наведува дека Баерн веќе ја контактирал мајката Вероника која е и негова менаџерка. Таа стана позната во фудбалскиот свет кога се тврдеше дека неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед му пропаднал поради нејзините барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…