Баерн Минхен покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат германските медиуми.
18-годишниот фудбалер остава одличен впечаток со своите партии во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белингам оваа сезона на 23 меча постигна три гола и запиша 9 асистенции, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Баерн Минхен.
Меѓутоа, трансферот на Белингам во моментов изгледа скоро невозможен бидејќи Борусија не сака да слушне за негова продажба, особено поради фактот што на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Халанд.
Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, а Дортмунд кога ќе одлучи да го продаде сигурно нема да сака да го пушти во големиот ривал.