Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ ја коментираше ситуацијата околу Роберт Левандовски, кој сака да го напушти клубот.
Левандовски има договор до 2023 година, а Салихамиџиќ му порача дека го очекуваат на првиот тренинг во јули.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нашата позиција е јасна, Левандовски има договор со 2023 година. Дури воопшто не размислувам за парите што ни ги нудат од Барселона и очекувам Роберт да се појави во нашиот тренинг центар на прозивката која е закажана за 12 јули“, изјави Салихамиџиќ.
Барселона понуди 32 милиони евра за напаѓачот, но понудата беше одбиена. Се очекува каталонскиот гигант да ја подобри понудата на 50 милиони, бидејќи Левандовски веќе има договор со Каталонците.