Дома Трансфер зона Баерн Минхен се засилува со босански голгетер кој е хит во Бундеслигата?

Баерн Минхен се засилува со босански голгетер кој е хит во Бундеслигата?

Долги години Един Џеко беше синоним за фудбалот во Босна и Херцеговина.

Најдобриот напаѓач што оваа земја го имала во својата историја е на залезот на својата блескава кариера, но Босанците не мора да се грижат за иднината, барем кога е во прашање центарфорската позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ермедин Демировиќ има сезона од соништата во германската Бундеслига. Момчето родено 1998 година се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во германскиот фудбал, а неговиот квалитет не е само постигнување голови, што го прави особено интересен за големите клубови.

Демировиќ е убедливо најдобриот играч на седмопласираниот Аугсбург, кој е во одлична серија од четири последователни победи. Босанецот досега во Бундеслигата постигна 14 гола и запиша осум асистенции.

Тој е четврти стрелец во првенството и шести по асистенции, а подобар учинок од Демировиќ има само неприкосновениот напаѓач на Баерн, Хари Кејн со 31 гол и седум асистенции. Тие двајца би можеле да станат тандем во редовите на Баварците.

Имено, како што пренесува доверливиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, Баерн е сериозно заинтересиран за 25-годишниот босански голгетер и подготвува трансфер понуда која на крајот од сезоната ќе ја испрати до Аугсбург.

Наводно, Аугсбург нема да се согласи на помалку од 20.000.000 евра, особено што Демировиќ има уште две години од договорот со овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…