Дома Фудбал Германија Баерн Минхен подготвува терен за Томас Тухел

Баерн Минхен подготвува терен за Томас Тухел

Раководството на Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, кој ќе биде долгорочно решение, после отказот на Нико Ковач.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во моментов тимот привремено го води Ханзи Флик кој има добри резултати после отказот на Ковач. Еминентниот „Билд“ пренесува дека раководството сака да го задржи Флик, а потоа тој да остане помошник кога ќе дојде новиот тренер.

Баварскиот гигант сака да го донесе Томас Тухел, кој моментално е тренер на ПСЖ, и е во постојан контакт со неговите агенти.

Германските медиуми сметаат дека е многу веројатно Тухел на лето да се раздели со ПСЖ и да седне на кормилото на Баерн Минхен. Тој би се согласил да работи заедно со Флик на „Алијанц Арена“, кој едноставно ќе му го чува местото до крајот на сезоната.

Доколку не успее овој план, како резервна опција Баварците го имаат Маурисио Покетино, кој моментално е слободен после отказот во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…