Дома Фудбал Германија Баерн Минхен завршува два одлични трансфери

Баерн Минхен завршува два одлични трансфери

Минхенски Баерн полека го прави тимот за следната сезона.

Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан веќе разговарале со агентите на францускиот дефанзивец Упамекано од Лајпциг и убедени се дека ќе го донесат во Минхен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн сака што побрзо да заврши со трансферот на 22-годишниот Французин. Забрзано се работи на договор и наскоро треба да се знае дали Упамекано ќе биде нов играч на баварскиот гигант.

Упамекано и натаму е приоритет на клубот, а потајно се работи и на донесување играч од средниот ред.

Според информациите на Скај Германија, Салихамиџиќ преговара со Флоријан Нојхаус од Борусија Менхенгладбах и тој заедно со Упамекано можат да бидат првите засилувања за Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид доби одлична вест пред натпреварот против Билбао

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот…