Дома Трансфер зона Баерн Минхен го сака дефанзивецот на Реал

Баерн Минхен го сака дефанзивецот на Реал

Баерн Минхен покажува силен интерес за дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците во 22-годишниот Бразилец гледаат потенцијална замена за Давид Алаба, кој е на излезна врата од клубот.

Договорот на Алаба истекува на крајот на сезоната и ќе си замине како слободен агент, а интересно е дека тој кариерата ќе ја продолжи токму во Реал Мадрид.

Милитао не доби премногу простор за игра оваа сезона кај Зинедин Зидан, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Се очекува наскоро Баварците наскоро да испратат официјална понуда до Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…