Баерн Минхен е спремен да го продаде дефанзивецот Матијас Де Лихт, објави новинарот Флоријан Плетенберг кој секогаш е добро упатен со случувањата во германскиот фудбал.
Пред две години Де Лихт пристигна во Баерн од Јувентус во трансфер вреден 67 милиони евра. Во изминатиот период вкупно собра 73 настапи за германскиот шампион, постигна пет гола и подели две асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кариерата Де Лихт ја започна во Ајакс и се смета за еден од најдобрите фудбалери кои излегле од оваа агенција во последните години.
Веќе има 45 настапи за репрезентацијата со која ќе игра на Европското првенство. „Трансфермаркт“, страницата специјализирана за проценување на вредноста на фудбалерите наведува дека неговата цена изнесува околу 65 милиони евра.
Платенберг наведува и дека Џонатан Тах е фудбалерот кого Баерн сака да го доведе како замена за Де Лихт. Станува збор за германски репрезентативец кој зад себе има одлична сезона во која со Леверкузен ги освои титулите во Бундеслигата, германскиот куп и Лигата на Европа.