Шпанскиот гигант Реал Мадрид, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на најдобриот француски талент, Едуардо Камавинга.
18-годишниот играч за врска одигра одлична сезона во Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе дебитираше за француската репрезентација.
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи во трката за негововиот потпис се вклучија Баерн Минхен и Јувентус.
Рен минатото лето не сакаше да го продаде за 50 милиони евра, па се претпоставува дека на лето цената на Камавинга ќе достигне до 80 милиони евра.