Дома Трансфер зона Баерн и Манчетсер Јунајтед се „тепаат“ за дефанзивец од 100 милиони

Баерн и Манчетсер Јунајтед се „тепаат“ за дефанзивец од 100 милиони

Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед ќе водат битка за потписот на младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

ПСЖ и Реал Мадрид исто така покажуваат интерес за Португалецот, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…