Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а оваа вест сигурно нема да им се допадне на оние кои сакаат да го видат полскиот напаѓач во белиот дрес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен по никаква цена нема да го пушти Роберт Левандовски, потврди сегашниот тренер на клубот, Јуп Хејнкес.
Како што неодамна нагласи и Карл Хајнц Румениге, на денешната конференција тоа го потенцираше и тренерот на Баерн.
„Румениге веќе тоа го кажа јасно – Реал Мадрид нема никакви шанси да го доведе Левандовски“, нагласи Хејнкес и веројатно стави точка на оваа приказна.
Сега, познато е дека Баерн секогаш има цврст став и дека се држи до своите принципи, но во фудбалот никогаш не се знае и Флорентино Перез сигурно ќе направи уште некој обид да стигне до својата цел.
Ваквата одлука на Баерн веројатна е поради тоа што во клубот знаат дека не постои поефтина опција за полскиот напаѓач, а познато е дека Германците не се расфрлаат со милиони како што тоа го прават Реал, ПСЖ, Манчестер Сити, Барселона…
Jupp on @lewy_official's future: "Karl-Heinz Rummenigge has already made this clear: Real Madrid have absolutely no chance of acquiring Robert." #SFCFCB #FCBayern pic.twitter.com/L9OTScBdhb
— FC Bayern English (@FCBayernEN) April 2, 2018