Дома Трансфер зона Баерн и Бара ја изгубија „пол позицијата“: Јувентус фаворит за новиот „бисер“ на Ајакс

Баерн и Бара ја изгубија „пол позицијата“: Јувентус фаворит за новиот „бисер“ на Ајакс

Jувентус би можел повторно да доведе играч на Ајакс.

Десниот бек на Ајакс, Сержињо Дест е баран ова лето, а после Барселона и Баерн во редот за неговиот потпис застана и Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонците претходно се откажаа и се повлекоа бидејќи имаа други позиции на кои сакаа да се засилат, додека Баерн сакаше побрзо да го заврши трансферот на Лерој Сане.

Таквата ситуација ја искористил Јувентус кој тропнал на вратата на Ајакс и се распрашал за новиот „бисер“ на Холанѓаните. Ајакс за Дест бара околу 20 милиони евра и таа сума не би требало да биде проблем за Јувентус.

На позицијата на Дест Сари ги има Данило и Квардадо, но Колумбиецот може да игра и офанзивно, додека Бразилецот не ги исполни очекувањата откако пред една година дојде од Манчестер Сити.

Дест има само 20 години и пред него е голема кариера, а ќе видиме дали ќе продолжи да ја гради во Ајакс или некаде на друго место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…