Фудбалскиот клуб Баерн Минхен е во потрага по нов тренер за следната сезона, како што е познато Томас Тухел заминува.
Чудно е што од моментот кога беше потврдено дека Баерн и Тухел нема да продолжат да соработуваат, германскиот гигант игра се подобро и подобро. Сепак, Леверкузен создаде одлична предност и ќе им биде многу тешко да го симнат од врвот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чаби Алонсо е примарна цел и германските медиуми веќе подолго време пишуваат на таа тема. Кандидат е и Роберто де Зерби, меѓутоа се до денес околу него немаше ништо посериозно.
Денеска „Билд“ носи ексклузивна содржина во која наведуваат дека Баерн со недели е во интензивни контакти со италијанскиот стручњак, кој е фасциниран и поласкан од интересот на минхенскиот клуб.
Сепак, тој, како и Баерн, сака да ги разгледа сите можни опции бидејќи е желба и на други клубови.