Баерн Минхен вчера доживеа дебакл и со 5:1 беше поразен на гостувањето кај Ајнтрахт.
Нико Ковач против поранешниот клуб го доживеа најтешкиот пораз од кога е тренер на Баерн. Со тој пораз гигантот од Минхен падна на четвртата позиција со 18 бодови, четири помалку од лидерот, Борусија Менхенгладбах.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После овој пораз германскит медиуми пишуваа за можен отказ на Ковач, но како што пренесува денес „Билд“ до отказ нема да дојде барем уште некое време. Ковач ќе биде на клупата на Баерн против Дортмунд и Олимпијакос, па во зависност од резултатот на тие натпревари ќе биде донесена одлука за неговата иднина.
Ковач во Баерн пристигна минатата сезона и стигна до двојна круна (куп и првенство).