Дома Трансфер зона Баерн донел одлука, Боатенг заминува од Минхен

Баерн донел одлука, Боатенг заминува од Минхен

Во Баерн Минхен одлучиле да не му понудат нов договор на Жером Боатенг, па фудбалерот ќе може да го напушти клубот на крајот од сезоната како слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголем дел од германските медиуми пишуваат дека ваква одлука се донела на состанокот на директорите на баварскиот гигант, истата веќе била и соопштена на менаџерот на 32 годишниот фудбалер.

Кариерата Боатенг ја започна во Херта, а играше уште за Хамбургер и Сити. Во Баерн пристигна во 2011 година и ја минува десеттата сезона во бундеслигашот за кој собра 354 настапи и постигна 10 гола.
Баерн за неговите услуги на Сити му плати 13.5 милиони евра.

На клупски план Боатенг освои се што можеше да се освои, а во 2014 година со Германија беше светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…