Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
18- годишниот играч за врска веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но последните информации се дека е на чекор од трансфер во Баерн Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Камавинга со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“ и дебитираше за француската репрезентација.
Приоритет на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а веруваат дека Камавинга ќе биде идеално решение.
Рен за неговата слобода бара 60 милиони евра, Реал се обидува да ја намали таа цена, додека Баварците се спремни да ја платат.