Дома Трансфер зона Баерн го договори најскапото засилување во својата историја: Светскиот шампион пристигнува во Минхен?

Баерн го договори најскапото засилување во својата историја: Светскиот шампион пристигнува во Минхен?

Баерн го договори трансферот на Лукас Хернандез, пишува „France Football“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левиот бек на француската репрезентација и Атлетико Мадрид требаше да се пресели во Минхен уште во јануари, но клубовите на крајот не успеаа да се договорат. Меѓутоа, Французите денеска пишуваат дека сега работата е завршена и дека Лукас од 1. јули официјално ќе биде нов играч на Баерн.

Ќе потпишат договор кој ќе вреди до 2025. година, а Баерн ќе му плати на Атлетико Мадрид оштета од 85 милиони евра. Французинот по сезона ќе заработува 13 милиони евра и веднаш ќе стане еден од најплатените во соблекувалната. Повеќе заработува само Роберт Левандовски кој има плата од 17 милиони евра и Томас Милер и Жером Боатенг кој имаат плата од 16 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…