Како што пренесуваат француските медиуми, Баерн Минхен е во завршни преговори со ѕвездата на Лил, Никас Пепе.
Крилниот напаѓач е најголемо откритија во Лига 1 оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Баварците се спремни да ја победат конкуренцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн е во потрага по млади и талентирани играчи за крилните позиции со оглед на фактпт што на крајот на сезоната ќе останат без Рибери и Робен. Токму Пепе се смета за идеален наследник на Холанѓанецот.
Пепе е многу сличен на Робен по стилот на игра, бидејќи игра десно крило, се служи со лева нова, брз е и сака да игра еден на еден.
Оваа сезона има постигнато 16 гола и запиша 8 асистенции, па голем број на европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.
Меѓутоа, француските медиуми пренесуваат дека Баерн веќе презел конкретни чекори за негов ангажман и преговорите се во завршна фаза. Се претпоставува дека Баварците за потписот на овој фантастичен талент ќе платат 50 милиони евра.
Баерн ова лето ќе биде многу активен на трансфер пазарот бидејќи спрема реконструкција на тимот, а познато е дека Баварците реагираат брзо и веќе ги договорија трансферите на Павард од Штутгарт и Лукас Хернанез од Атлетико Мадрид.