Дома Трансфер зона Баерн во финишот од преодниот рок сака засилување од Челзи

Баерн во финишот од преодниот рок сака засилување од Челзи

Германски „Спорт1“ објави дека Баерн Минхен планира бомба за крајот на преодниот рок, а тоа е ѕвездата на Челси, Каи Хаверц.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челси го купи Хаверц за 80 милииони евра од Баер Леверкузен пред две години, а Германецот настапи на 93 меча и постигна 23 гола и 14 асистенции.

Хаверц е еден од најважните фудбалери на тренерот Томас Тухел, па речиси невозможно е да се замисли дека Германецот ќе си замине, иако Баерн ќе испрати понуда.

Баварскиот гигант многупати досега крадеше ѕвезди од останатите тимови, а сигурно ќе се обиде тоа да му го направи и на Челси, иако шансите за реализација на ваков трансфер се ептен мали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…