Баерн Минхен изгледа заврши уште една работа, според медиумите во Германија нов германски репрезентативец пристигнува во Минхен и тоа без оштета.
Освен Леон Горецка кој на лето сигурно пристигнува во Баерн, уште еден негов соиграч, Макс Мајер би можел да тргне по неговите стапки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, како што пренесуваат медиуми во оваа земја баварците се на чекор од договор со фудбалерот кого го сакаа Ливерпул и Арсенал.
Овој фудбалер има 22 години, ги помина сите младински селекции на Германија и собра четири настапи за сениорите.
Мајер игра во средниот ред, а неговото доаѓање веројатно значи и дека Артуро Видал ќе биде продаден, иако Чилеанецот изрази желба да го продолжи договорот.
Многу зависи и од новиот тренер, се претпоставува дека тоа ќе биде Томас Тухел, а баварците би можеле да ја наполнат касата и со продажбата на Тиаго Алкантара доколу тој сепак остане во клубот.