Алекс Баена одлучи да го пријави Феде Валверде во полиција поради физички напад од страна на играчот на Реал Мадрид по саботниот натпревар. Сега напаѓачот на Виљареал се огласи и со официјално соопштение.
Валверде призна дека го нападнал Валверде и додаде дека тоа се случило поради недолични коментари на Баена кој наводно посакал смрт на неговото неродено дете.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баена и во изјавите претходно, а и сега во соопштението демантира дека кажал такви зборови.
„Минатата сабота бев нападнат од мој колега на крајот од натпреварот против Реал Мадрид. По настанот, во јавноста излегоа некои изјави дадени од неговите претставници, во кои се вели дека сум посакал болка на негов близок. Од тој момент, не се изнесе никаков доказ за она што ми се суди. Се искористи една несреќна околност за да се оправда агресија и има лаги кои болат повеќе од ударот.
Штетата која му се нанесува на моето семејство не непоправлива и необјаснива: Добиваме закани, навреди, па дури има и приватни пораки преку кои се посакува смрт на моето семејство. Како што знаете, го пријавив случајот во полиција, да оставиме правдата да излезе на виделина. Моја единствена цел останува да се фокусирам на професијата и да му помогнам на клубот во остварување на целите“, објави Баена.