Дома Трансфер зона Ајнтрахт потврди: Јовиќ и дефинитивно не останува во Германија

Ајнтрахт потврди: Јовиќ и дефинитивно не останува во Германија

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ и дефинитивно нема да остане во Германија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид го испрати Јовиќ на позајмица во неговиот клуб Ајнтрахт, но на крајот на сезоната тој ќе се врати во Шпанија. Германскиот клуб ја потврди разделбата со репрезентативецот на Србија.

Јовиќ дебитираше за Ајнтрахт во вториот мандат со два гола, но на крајот вкупно постигна четири затоа што во главно беше резерва.

Клубот од Франкфурт немаше можност да го откупи неговиот договор, па остана само да се заблагодари на неговиот допринос и да му посака среќа во продолжувањето од кариерата.

Договорот на Јовиќ со Реал има важност до 2025 година, но очекувањата се летово да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…