Дома Фудбал Лига на шампиони Ајакс приреди изненадување: Тадиќ правеше чуда – Европа ќе добие нов шампион! (ВИДЕО)

Ајакс приреди изненадување: Тадиќ правеше чуда – Европа ќе добие нов шампион! (ВИДЕО)

Вечерва се случи првото големо изненадување во нокаут фазата од Лигата на шампионите – елиминиран е трикратниот европски шампион.

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го пречека Ајакс со предност од првиот од 2:1 и веројатно „кралевите“ очекуваа дека вечерва ќе ја довршат работата, меѓутоа Холанѓаните не мислеа така и Мадрид го напуштија со победа од 1:4! Така со вкупни 5:3 обезбедија место во четвртфиналето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите минути Реал Мадрид најави добар натпревар. Варан ја погоди пречката, но потоа следуваше вистински шок. Зијеш после асистенцијата од Тадиќ погодува за 0:1 во седмата минута.

Нова асистенција, овој пат после еден маестрален потег во стилот на Зинедин Зидан запиша Тадиќ во 18-тата минута. Егзекуторот сега беше Нереш.
Со резултатот 0:2 се замина и на полувремето.

Тадиќ беше константна опасност кон голот на Куртоа, а во 62-та минута успеа и со еден супер гол да се запише во листата на стрелци.

Само осум минути подоцна Асенсио ја враќа надежта на Реал Мадрид, но истата заврши веќе две минути подоцна кога Шоне погодува за 1:4.

Овој резултат на крајот се покажа и како конечен, па така од вечерва е јасно дека Европа оваа сезона ќе добие нов шампион.

Во вториот натпревар кој се одигра вечерва Тотенхем не дозволи изненадување и после победата од 0:3, вечерва запиша нов триумф од 0:1 и обезбеди четвртфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона не се откажува од ѕвездата на Баерн

Џошуа Кимих би можел да го напушти Баерн Минхен и кариерата да ја продолжи во Барселона. К…