Aјакс во саботата направи неверојатен подвиг победувајќи го Венло со 13:0 и тоа на гостински терен.
Овој триумф е рекорден во холандската Ередивизија и сигурно една од најголемите победи во историјата на холандскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навистина на никого не му е јасно како гостите од Амстердам без оглед на квалитетот кој го поседуваат успеаа толку да го понижат ривалот.
Посебно во победата на Ајакс се истакна Ласина Траоре кој постигна пет голови и подели три асистенции во високата победа.
Специјализираната страна за оценување на настапите на фудбалерите објави дека на основа на учинокот од мечот со Венло Траоре требало да добие оценка од 15.08!
Сепак, јасно е дека најголемата оценка е 10, па Траоре на крајот морал да се задоволи „само“ со десетка.
?? Lassina Traore ? VVV-Venlo
— WhoScored.com (@WhoScored) October 26, 2020
⚽️ Goals – 5
?️ Assists – 3
? Shots (OT) – 8(5)
? Key Passes – 5
? Fouls Won – 3
? Pass Accuracy – 84.6%
? We've had a few requests for this, so had Traore's WhoScored rating not been capped at ten he would have earned a score of… 15.08! pic.twitter.com/kQMwjUo9wQ