Дома Трансфер зона Ајакс има нов „бисер“ и редот за неговиот потпис е се подолг!

Ајакс има нов „бисер“ и редот за неговиот потпис е се подолг!

Френки Де Јонг игра одлично во дресот на Ајакс, а поради одличните настапи се очекува да биде една ѕвездите на преодниот рок, бидејќи од ден во ден листата на заинтересирани клубови е се поголема.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Де Јонг веќе некое време се заинтересирани голем број европски гиганти, според информациите на холандски „Де Телеград“, два се издвојуваат.

Во прашање се – Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид!

Во Реал во Де Јонг го гледаат како замена за најдобриот фудбалер во светот Лука Модриќ и наводно спремаат понуда од околу 80 милиони евра, додека за Јунајтед Де Јонг сака да го доведе како фудбалер кој би требало да го замени Погба.

Покрај нив, тука се уште ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Тотенхем, Барселона…

Де Јонг е фудбалер кој има 21 година, додека во првиот тим на Ајакс доби шанса во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…