По завршувањето на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид познати се финалистите во најелитното европско натпреварување.
Како и на голем број натпревари досега така и во финалето, Ерлинг Халанд ќе биде прв напаѓач на Манчестер Сити во финалето против „нероаѕурите“. Норвежанецот оваа сезона на 49 натпревари постигна 52 гола од кои 10 на 12 натпревари во Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По вчерашниот натпревар поранешниот дефанзивец, Даниел Адани зборуваше за тоа како Интер би го запрел Халанд.
„Не може еден човек да го чува Халанд. Ачерби е навистона добар, но ако Халанд го чувате еден на еден, не смеете да дозволите да ве почуствува. Но, тоа ќе се случи порано или подоцна. Затоа потребни се промени. Со Жиру можете констатно да бидете во дуел еден на еден 90 минути, со Халанд не“, изјави Адани.
Сепак, треба да се спомене и дека Халанд не постигна ниту еден гол во двомечот против Реал, посебно во првиот натпревар беше одлично чуван од Рудигер.