Помеѓу Пол Погба и Жозе Мурињо изгледа има навистина голем проблем.
Тоа можеше да се почуствува и со сликата на Инстаграм која Французинот ја постави после победата на Манчестер Јунајтед над Лестер во кој Погба беше стрелец на единствениот гол на натпреварот (1:0).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Погба после натпреварот постави фотографија од натпреварот со опис:
„Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за фановите и соиграчите, без разлика што се случува“.
Многумина тоа што го нема Мурињо во реченицата, но и последниот дел „без разлика што се случува“ го протолкуваа како доказ дека помеѓу него и стратегот на Јунајтед се уште има „нерасчистени сметки“.
Денес англискиот реномиран медиум на насловната страна пишува за сериозен проблем помеѓу играчот за врска и стратегот.
Наводно, Мурињо му се обратил на Погба и побарал од него да не зборува премногу во медиумите, а одговорот на Погба бил директен и јасен: „Повикај го мојот агент ако сакаш да зборуваш со мене“.
Ќе потсетиме Погба многу се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, како потенцијални дестинации се споменуваа Јувентус и Барселона. „Старата дама“ сега не е реална опција бидејќи преодниот рок во Италија завршува за само два дена, додека во Шпанија клубовите можат да купуваат до крајот на овој месец, но прашање е колку Барселона се уште има желба да го ангажира.