Дома Топ вести Атлетико спреми 70 милиони за Лаутаро

Атлетико спреми 70 милиони за Лаутаро

Италијанскиот гигант Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Кореиере дело Спорт“.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Најсилен интерес за Аргентинецот покажува Атлетико Мадрид, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Приоритет на Симеоне во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач и е спремен да понуди 70 милиони евра за Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…